Отпуштен е тренерот со најлош биланс во историјата на НБА

Од:

По поразот од Орландо (116:91), „Вашингтон Визардс“ го отпуштија главниот тренер Брајан Киф.

Австралискиот тренер Адам Кејпорн ќе го предводи тимот како привремен главен тренер.

Вашингтон влезе во новата сезона со високи амбиции, откако го засили својот состав со ветераните Ентони Дејвис и Треј Јанг, како и со првиот пик од овогодинешниот НБА-драфт, Еј-Џеј Дајбанца.

По почетниот биланс од 4–3, тимот влезе во серија од осум последователни порази. Три победи по ред донесоа зрак на оптимизам, но тоа задоволство беше краткотрајно, бидејќи убедливите порази од Бостон и Орландо дополнително ја продлабочија кризата.

Киф на клупата на Вашингтон забележа 50 победи и 173 порази, односно процент на успешност од 22,4 отсто.

Според ESPN, тоа е најлошиот процент меѓу сите тренери во историјата на НБА-лигата кои воделе најмалку 200 натпревари.

Сè на сè, Вашингтон моментално се наоѓа на 11-тото место на табелата во Источната конференција, со учинок од седум победи и 13 порази.

Би можело да ве интересира

Техеран е подготвен за преговори со Вашингтон, но бара враќање на јунскиот договор

Москва со закана до Вашингтон: Отстранете го нуклеарното оружје од Европа

А1он

Се пензионира Док Риверс кој е активен тренер со најмногу победи во НБА

А1он

Кевин Дурант влезе во топ-5 најдобри стрелци во НБА лигата

А1он

(ВИДЕО) Масовна тепачка на НБА натпревар – летаа тупаници, четворица кошаркари се исклучени

А1он

(ВИДЕО) Големи поплави во Вашингтон: Издадени се предупредувања и наредена е итна евакуација

Горан Наумовски