Новак Ѓоковиќ беше удрен во главата во Рим по мечот со Корентано Муте, а сега се знае кој беше „виновникот“ чие шише испадна од ранецот.
Поточно, идентитетот на човекот кој го испушти шишето не е познат, но јасно е дека не се работи за дете, како што првично се мислеше.
Ова е човекот на кој му испадна шишето од ранецот и слета точно на главата на Новак, кој по укажаната помош отиде во хотелот, од каде што се јави.
— Zvеzdan Ilic Stankovic (@Gvozdenac71) May 11, 2024
„Ви благодариме за пораките. Ова беше несреќен случај и добро сум, се одмарам во хотел со ледена облога. Се гледаме во недела“, напиша Ѓоковиќ.
Новак лесно го совлада Муте со 6:3, 6:1, а во следното коло ќе игра против Алехандро Рабил.