Управата на НХЛ ги откажа сите натпревари до 30-ти декември, по неуспехот да се најдат заеднички јазик хокеарите и сопствениците на клубовите за новиот договор.
Оваа сезона веќе се откажани 422 натпревари од регуларниот дел на сезоната поради моментниот застој во преговорите, а сега нема да бидат одиграни и дополнителните 104. НХЛ веќе ги откажа Новогодишниот зимски класик и натпреварот на Сите ѕвезди.
Откажувањето уште на 16-те денови би можело да значи дека постои надеж играчите и сопствениците на клубовите да се договорат Лигата да почне во јануари следната година.
Минатата недела се прекинати преговорите меѓу играчите и здружението на сопствениците, но заменик-комесарот на НХЛ, Бил Дејли, изјави дека страните ќе се обидат оваа седмица да почнат нови разговори.