Марк Маркез ја продолжува својата доминација кога во прашање се трките на патеката во Заксеринг, Германија.
Актуелниот шампион во Мото ГП, ја забележа својата осмата победа на трката што се возеше попладнево на патеката во Заксеринг,
Сепак, за Шпанецот денешниот триумф е само втор сезонава во деветте изминати трки во Мото ГП шампионатот.
Изненадување направи домашниот возач Јонас Фолгер, кој го освои второто место, а трет заврши Дани Педроса.
Со денешниот триумф Маркез го презеде и водството во Генералниот пласман со 129 бодови, пред Маверик Вињалес кој има 124, а трето пласираниот Андреа Довичиозо досега собра 123 бода.
Следната трка ќе се вози на патеката во Брно во Чешка.