Oлимпијката Милијана Рељиќ освои бронза на меѓународниот таеквондо турнир во Албанија

Од:

Нашата олимпијка и најдобра таеквондистка – Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г-1 Опен во Тирана.

Во првото коло Милијана беше слободна, но во следното беше поуспешна од Леонарда Андриќ од Канада со 2:1 во рунди.

Во борбата за медал таа се сретна со Елена Лена Торес од Шпанија каде во извонредно тесна борба со 2:1 во рунди и последната рунда со 10:9 поени Милијана извојува победа.

Во полуфиналето Милијана беше поразена од Хатиџе Пинар Јигиталп од Турција двете рунди со 2:4 во поени.

Ова се нови 3,60 поени за светската и олимписката ранг листа.

Се очекуваме и овој месец да остане меѓу најдобрите 10 во светот.

Би можело да ве интересира

Релиќ со нов бронзен медал од Инсбрук

Претседателот Пендаровски го прими Дејан Георгиевски, македонскиот олимписки вицешампион во таеквондо

А1он