Охридските боксери нема да учествуваат на националното првенство

Од:

Охридскиот боксерски клуб нема да учествува на националниот шампионат, поради недостиг на финансиски средства.

Тренерот на клубот Митко Нестороски појасни дека тоа не значи згаснување на клубот, туку некаква хибарнација додека не настапат подобри времиња, додека не се изнајде решение за финансирање на клубот.

– Од година во година се зголемуваат трошоците, а ние немаме финансии за основните работи за кои не треба ниту да се дискутира. Побаравме помош од сите институции, но никој не сакаше да ни подаде рака по што нашето откажување беше неминовно, вели Нестороски.

Инаку, оваа календарска година требаше да биде активна за охридските боксери, а предвидено беше таа да биде заокружена со учество на европското или светското првенство за јуниори.

Минатата година многу трениравме и се боревме со сета сила за што подобри услови за оваа, но ова веќе не се трпи и немаме друг избор, заклучи Нестороски.

Моментално во охридскиот клуб членуваат дваесет боксери од кои половина константно се натпреваруваат, а меѓу нив се и македонските репрезентативци Бојан Ристески и Сашо Лескароски. Тренерот на Охрид смета дека спортот е неопходен за младите да фатат правилна насока во животот, настрана од пороците на секојдневието.

Би можело да ве интересира

Македонската боксерска репрезентација на подготовки во Србија

Ана Ололовска

Димовски доби нов мандат за претседател на Боксерската федерација на Македонија

Ана Ололовска

БК Чаир македонски шампион, Шкендија Но Лимит прва во младинска конкуренција

Ана Ололовска

Три медали за македонските боксери на Националниот куп во Врбас

Ана Ололовска

Две победи на нашите боксери Илхан и Ајхан Озмен, обезбедени три полуфинални борби во Врбас

Татјана Ташкова

Скопје домаќин на 48-от „Златен Гонг“

Ана Ололовска