Во седиштето на УЕФА во Нион денеска со извлекување беа одредени двојките за баражот за Европското првенство што следната година ќе се игра во Франција (ЕУРО 2016).
Во термините на 12 и на 15 ноември ќе играат: Норвешка и Унгарија, со тоа што прв домаќин е селекцијата на Норвешка. Следниот ден на 13 ноември е дуелот Босна и Херцеговина – Република Ирска, додека реваншот е три дена подоцна (16 ноември).
Натпреварите Украина – Словенија и Шведска – Данска ќе се играат на 14 и 17 ноември, а првите дуели се играат на терените на Украина и на Шведска.
Подобрите селекции од четирите двомеча ќе се пласираат на ЕУРО 2016 и ќе ја комплетираат бројката од 24 селекции учеснички.