Португалците како фаворити разочараа и на премиерата со Исланд, кога изиграа 1:1, но и во вториот меч со Австрија, во кој немаше голови.
Иако имаше отворена игра од двете страни, недостасуваше погодок. Кога се чинеше дека ќе ја затресе мрежата на Австрија, Кристијано Роналдо промаши пенал.
Тој ја изнуди најстрогата казна во 78 минута, откако беше соборен од Хинтерегер , но од белата точка ја погоди само стативата. Роналдо не успеа да реализира гол уште од неколку добри прилики.
Португалија во следниот меч се среќава со репрезентацијата на Унгарија.