Обновени се кошовите од спортските терени кои се во склоп на спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, информираше директорот Сашо Атанасов.
Посочи дека кошовите се повторно во функција за сите спортисти и рекретаивци благодарение на издвоените сопствени финансиски средства на спортскиот комплекс.
– По најновото обновување на кошовите кои беа искршени, сакам да апелирам до кавадарчани со молба, да бидат внимателни со нив. Имено, по околу три пати годишно несовесни вршат нивно кршење, а ние по исто толку пати пристапуваме кон обнова, соопшти Атанасов.
Изрази надеж дека во иднина кавадарчани многу подомаќински ќе се однесуваат кон кошовите, благодарение на кои се откриени бројни нови таленти во градот, а многумина имаат каде, паметно да поминат дел од слободното време.