Нови правила во тенисот: Сервис грешка за предолга подготовка на сервис

Од:

Челните луѓе во ATP одлучија да воведат нови правила во тенисот. Првото се однесува на скратување на времето за подготовка на сервис.

Познато е дека најмногу секунди пред сервирање трошат Надал и Ѓоковиќ и токму овие двајца тенисери би можеле да ги почувствуваат последиците, затоа што ако се надмине предвиденото време од 25 секунди, најпрво тенисерот ќе биде опоменат, а потоа ќе му биде доделена сервис грешка.

„Многу разговаравме за времето кое поминува помеѓу два поена. Веруваме дека оваа промена ќе овозможи судиите доследно да го применуваат правилото“, изјави извршниот директор на ATP, Бред Друи.

Втората промена се однесува на укинување на „нец“ односно ако топчето ја закачи мрежата при сервирањето, играта продолжува и тоа правило ќе биде тестирано во првите три месеци од 2013-та година.

 

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест