Новак се откажува од Ролан Гарос

Од:

Нема повеќе нагаѓања, најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ ја донесе конечната одлука.

По деталните лекарски прегледи, српскиот ас реши да не го продолжи учеството на Ролан Гарос, што ги разочара сите фанови.

Новак се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос совладувајќи го Франциско Серундола со резултат 3:2 (6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3).

Иако успеа да победи по нереален пресврт, неговата повреда на коленото ги загрижи сите, а Новак за тоа проговори по мечот и дополнително ги загрижи своите навивачи, бидејќи како што рече не знае дали ќе може да продолжи да се натпреварува на овој турнир.

Денеска го откажа тренингот во Париз, а откако отиде на магнетна резонанца реши да не го продолжи походот за одбрана на титулата на овој Грен слем.

Снимката покажа оштетување на менискусот, а она што најмногу ги загрижува навивачите е што можно е на Новак да му биде потребна операција.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

„Тоа не треба да ме прашувате за Новак“: Францускиот тенисер изненададен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи