Новак повторно број еден во светот!

Од:

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се врати на лидерската позиција на АТП листата на 5-ти ноември без разлика на резултатите кои тој и неговите конкуренти ќе ги остварат.

Иако со играта и резултатите на турнирите во Шангај и Пекинг докажа дека е најдобар во моментот, Роџер Федерер ја задржа предноста со 195 поени повеќе од Ѓоковиќ.

Поради усогласување со термините од наредната сезона, АТП одлучи да ги избрише поените на сите тенисери од турнирите во Базел, Париз и завршниот настан во сезоната на Мастерсот во Лондон.

Тоа конкретно би значело дека Ѓоковиќ ќе истане без 560 бодови, додека на Швајцарецот ќе му бидат одземени дури 3.000 бодови.

Математиката е потполно јасна, Ѓоковиќ од 5. ноември ќе има 2.245 бодови повеќе од првиот тенисер во моментот.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест