Новак Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сепак ќе игра на Вимблдон, пренесува „Би-Би-Си“! И покрај тоа што се повреди на Ролан Гарос на мечот со Франциско Серундола, иако мораше да оди на итна операција на менискусот на коленото, тој реши да игра на тревата на „Ол Ингланд клуб“. Неговото опоравување од повредата се уште трае, но веќе тренира и сега изгледа е подготвен да го брка својот 25. Грен слем трофеј како трет на АТП листата.

Вимблдон започнува на 1 јули, а Новак во Лондон ќе пристигне веќе во понеделник. Тој претходно најави дека сигурно ќе игра на Олимписките игри во Париз кои следуваат по турнирот во Лондон, но многумина мислеа дека ќе го пропушти Вимблдон поради повредата. Очигледно Новак има други планови.

Новак пет години по ред играше во финалето на Вимблдон, а само претходната сезона беше поразен од Карлос Алкараз. Во кариерата има дури седум титули на Вимблдон.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

„Тоа не треба да ме прашувате за Новак“: Францускиот тенисер изненададен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи