Шпанецот Марк Маркез на задоволство на домашната публика, од пол-позицијата ќе ја започне утрешната трка за Големата награда на Каталуња во Мото ГП шампионатот.
До својата трета овосезонска пол-позиција возачот на Репсол Хонда стигна во денешните квалификации возејќи во време од 1.43:589 минута.
Веднаш зад него, но во истиот стартен ред, трката ќе ја започне неговиот сонародник и актуелен шампион Хорхе Лоренци, кој оствари резултат 1.44:056 минута
Додека трето време во квалификациите имаше Педроса (1.44,307 минута)
Доминацијата на Шпанците на денешните квалификации го продолжи Дани Педроса клупскиот колега на Маркез, кој го комплетираше првиот стартен ред, додека Валентино Роси во последниот свој обиде се избори за доста подобро време кое го однесе до петтото стартно место, зад возачот на Дукати, Хектор Барбера кој ќе започне како четврти.
Седмата трка од Мото ГП шампионатот, за Големата награда на Каталуња ќе се вози утре со почеток од 14 часот.