Американката Микаела Шифрин ја оствари втора велеслаломска победа во два дена, откако денеска беше најдобра во австрискиот ски-центар Земеринг.
До освои својата 25-та победа во кариерата во Светскиот куп, Америкнката стигна во тешки услови при силен снег.
Како на вчерашната така и на денешната трка на истата патека, Шифрин го освои првото место пред Французинката, Теса Ворлеј. Денеска Американката по двете трки таа имаше вупно време од 2:09.40 минути, што беше само 15 стотинки подобро вкупно време од Французинката, односно само 18.стотинки побрзо од Викторија Ребензбург од Германија.
Со новата победа Шифрин го зголеми водството во генерален пласман на 115 поени пред актуелната шампионка во Светскиот куп, Лара Гут од Швајцарија која денеска заврши на шестото место.
Веќе утре, повторно во Земеринг, дамите ќе ја возат слаломската трка и тоа во вечерниот термин под рефлектори.
Машкиот спуст кој требаше да се одржи во италијанскиот ски-центар Санта Катерина беше откажан поради силниот ветер. Доколку условите се подобрат таму според програмата утре треба да се одржи трката во комбинација.