Нов триумф на ракометарките на Вардар во Лигата на шампионките

Од:

Ракометарките на Вардар забележаа нова победа во елитната Лига на шампиони откако попладнево пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа францускиот тим Мец.

До својата втора победа во главната фаза, вкупно седма во низа во елитната лига, вардарки стигнаа со конечни 33-31 полувреме 13-11. Иако во еден миг имаа и највисоки шест гола предност, сепак во завршницата од мечот француската екипа, пропушти можност да стигне до израмнување, а на спротивната страна Јованка Радичевиќ го потврди триумфот на црвено-црните.

Во редовите на македонскиот шампион, најефикасна беше Сања Дамјановиќ кој постигна 5, додека Александра Лакебер беше стрелец на 4 голови.

Ова беше еден од трите натпревари од групата 1, кои се играа денеска. Во другите два Будуќност како гостин ја совлада руската екипа Астроханочка со 34-21, а унгарски Ференцфавош беше подобар од Турингер со 32-24.

На табелата вардарки се водечки со 11 бодови, а по нив следуваат: Ференцварош 9, Будуќност 9, Мец 4, Турингер 4, Астраханочка 0.

Во групата 2, два натпревари се одиграа денеска, Ларвик – Митјиланд 24-22 и Крим Љубљана – СЦМ Букурешт 21-24, додека утре ќе играат Есбјерг и Ѓер.

Табела: Гер 9 бодови, Ларвик 8, Митјиланд 6, Крим Љубљана 6, ЦСМ Букурешт 5 и Есбјерг 2.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска