Норвешка атлетичарка го освојува светот – убавината ѝ донесе слава, но талентот ја води кон Олимписки игри

Од:

Норвешката атлетичарка Ембла Матилде Њерве (18) е новото лице на светската атлетика, и иако сè уште не станала сениорка, таа веќе има повеќе од 290.000 следбеници на Инстаграм – повеќе од некои олимписки медалисти од Париз.

Нејзината убавина не останува незабележана, па затоа социјалните мрежи ѝ донесоа голема популарност. Сепак, зад изгледот се крие голем спортски потенцијал.

Минатата година, Ембла освои сребро на Европското јуниорско првенство во Банска Бистрица, а потоа и злато на Нордиското првенство до 20 години, иако беше до три години помлада од својата конкурентка.

Нејзината цел е јасна – настап на Олимписките игри во Лос Анџелес. Со оглед на напредокот и резултатите, тој сон се чини остварлив.

Би можело да ве интересира

Анџелина Топиќ освои бронзен медал

Јапонскиот атлетичар го напушти стадионот во инвалидска количка по екстремната влажност на Светското првенство

Светска вицешампионка суспендирана поради допинг

А1он