Раководните луѓе на најсилната хокеарска лига на светот – НХЛ го одобрија составот на дивизиите за сезоната 2020/21.
Сите седум канадски екипи се во иста дивизија, а натпреварите ќе се играат само во рамките на дивизиите.
Секој тим ќе одигра по 56 натпревари во регуларниот дел од сезоната, почнувајќи од 13-ти јануари.
Состав на дивизиите:
Северна дивизија: Калгари, Едмонтон, Монтреал, Отава, Торонто, Ванкувер, Винипег.
Западна дивизија: Анахајм, Аризона, Колорадо, Лос Анџелес, Минесота, Сан Хозе, Сент Луис, Вегас.
Централна дивизија: Каролина, Чикаго, Колумбос, Далас, Детроит, Флорида, Нешвил, Тампа-Беј.
Источна дивизија: Бостон, Бафало, Њу Џерси, Ајлендерс, Ренџерс, Филаделфија, Питсбург, Вашингтон.
Првите четири екипи во секоја дивизија ќе се пласираат во плејофот.