(ВИДЕО) Невиден скандал во Рим: Ѓоковиќ го удрија со шише во главата, се здоби со расекотина

Од:

Новак Ѓоковиќ вечерва на Мастерс турнирот во Рим во второто коло го совлада Французинот Корентин Муте, а по мечот на теренот дојде до вистински скандал.

Ѓоковиќ тргна кон навивачите кои му ги покажаа своите реквизити на кои сакаа автограм од најдобриот тенисер на светот, а потоа шише полета кон Србинот.

Шишето го удри Ѓоковиќ право во главата, по што тенисерот се фати за глава и падна на земја.

Луѓето од организацијата притрчаа да му помогнат, а Ѓоковиќ остана долго да лежи, што јасно покажува дека шишето било полно и доста тешко.

Според некои новинари од Рим, Ѓоковиќ има расекотина на главата и повредата ќе мора да ја санираат лекари.

Инаку, Ѓоковиќ лесно го совлада Моуте со 6:3 и 6:1 за 2:0 во сетови и се пласираше во осминафиналето на турнирот. Во оваа фаза треба да се соочи со Чилеанецот Табило.

Би можело да ве интересира

Закажан терминот за полуфиналето Ѓоковиќ-Зверев

Предраг Петровиќ

Исчезна навивачот кој го повреди Ѓоковиќ, полицијата трага по него

Предраг Петровиќ

Откриен човекот кој го погоди Ѓоковиќ во глава

ВИДЕО: Снимка од друг агол откри кој и како го удри Ѓоковиќ со шише во глава

Предраг Петровиќ

Познати детали како дојде до инцидентот во Рим: Ѓоковиќ крвареше, му беше пружена помош

Предраг Петровиќ

Новак Ѓоковиќ одлучи да се повлече од Мастерсот во Мадрид

Предраг Петровиќ