Неверојатна статистика на 40-годишниот Лука Модриќ

Од:

Реал Мадрид синоќа ја победи Мајорка со 2:1 во натпреварот од 36.коло на Ла Лига. Хрватскиот ас Лука Модриќ имавме можност да го видиме уште еднаш на теренот во текот на сите 90 минути, со одлична игра.

Модриќ имаше дури 134 допири со топката. Од 102 обиди за додавања, 94 беа прецизни, стапка на успех од 92 проценти. Имаше три клучни додавања и создаде една голема шанса. Четири пати шутираше кон голот.

Двете долги топки му беа прецизни, а имаше и два успешни дриблинзи, старт на топката и пресретнат пас.

Модриќ дури пет пати ја освојуваше топката.

Лука Модриќ за неколку месеци ќе наполни 40 години и ова беше негов 54-ти настап за еден од најдобрите светски тимови на сите времиња, Реал Мадрид оваа сезона, а само 25-ти во првиот тим. Има четири гола и осум асистенции.

Тој беше оценет од страна на веб-страницата „Софаскор“ со 8,6, а особено е важен фактот што гледаме играч на 40 години се уште на врвно ниво во европскиот фудбал.

Би можело да ве интересира

Модриќ станува косопственик на Свонси

А1он