Нерешено за двете македонски екипи во петтата рунда на шаховската Лига на шампиони

Од:

Македонските претставници на Европскиот клупски куп во шах, Алкалоид и Гамбите Асеко одиграа 3:3 во петтата рунда.

Алкалоид за противник го имаше италијански Обиетиво Рисарцименто. Желбата на „фармацевтите“ да им се реваншираат на противниците за поразот во Скопје, во целост не им успеа. Можеби причината треба да се бара во заморот на шахистите од Алкалоид кои во изминатите четири кола го дадоа својот максимум и ги добија сите натпревари.

Според моменталната ситуација на табелата Алкалоид и натаму има големи шанси за висок пласман.

И втората македонска екипа Гамбит Асеко СЕЕ својата средба ја заврши нерешено 3:3 против екипата БСГ, што претставува добар успех.

Во претпоследното коло Алкалоид се среќава со норвешката екипа Валеренга, за која на првата табла настапува светскиот првак Магнус Карлсен.

Гамбит Асеко СЕЕ за противник го има тимот на Реховот Чесс Скул од Израел.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ