Откако Бразилецот Нејмар пристигна во Ал Хилал, тој мина многу повеќе време надвор од теренот отколку на него, поради неколку повреди во низа.
Поточно, тој беше надвор од терените повеќе од една година поради скинати лигаменти на коленото, а неодамна се врати на теренот и веднаш повторно се повреди.
Вкупно, тој од минатото лето одигра само 428 минути за шампионот на Саудиска Арабија. Тој постигна еден гол и запиша три асистенции.
Имајќи ја предвид чудесната плата, која со сите бонуси достигнува 120.000.000 евра годишно, на статистичарите им беше доволно да пресметаат колку заработува Нејмар за секој гол, асистенција, минута, па дури и допир со топката.
Така добивме пресметка дека за тој еден постигнат гол добил 120.000.000 евра, односно 40.000.000 евра за секоја асистенција.
View this post on Instagram
За секоја минута на теренот заработува по 280.000 евра.
Можеби најбизарната статистика е дека Нејмар за секој контакт со топката во дресот на Ал Хилал добива по 306.000 евра.