Бразилскиот фудбалер Нејмар пристигна во Саудиска Арабија со најлуксузниот авион Боинг 747-400 пред презентацијата во неговиот нов клуб Ал-Хилал.
Нејмар (31) кој одлучи да го замени европскиот за азиски фудбал денеска ќе биде претставен како нов фудбалер на Ал Хилал каде за околу 100 милиони евра се пресели од Пари Сен Жермен.
Бразилецот ќе добие неверојатни договори и 150 милиони евра за две сезони во клубот. Наводно побарал и вила со 25 соби, сауна, базен, осум работници да го чуваат и девет автомобили, што се уште не е потврдено.
🚨 Here's how Neymar arrived in Saudi Arabia yesterday. 🇸🇦😳
Prince Al Waleed bin Talal, cousin of the Saudi Prime Minister, lent him a Boeing 747 to make the Paris-Riyadh journey. 🛩️💰
(🎥 @AviationWG)
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 19, 2023
Но, она што е познато е дека Нејмар пристигнал во Саудиска Арабија со авион кој лично му го испратил саудискиот принц Ал Валид бин Талал.
Станува збор за најлуксузниот авион Боинг 747-400 кој има неколку спални соби и златен трон.
По официјализирањето на трансферот, Нејмар даде многу интересна изјава во која малкумина поверуваа. Тој нагласи дека не се преселил во Азија за пари, туку за да постигне светски успех.
Постигнав многу во Европа и уживав во посебни моменти, но отсекогаш сакав да бидам светски играч“, изјави Нејмар.