Бразилскиот играч на Пари Сен Жермен, Нејмар може да го напушти клубот од Париз само со отштета од 150 милиони евра, пренесува шпанскиот спортски весник Ас.
Нејмар има договор со францускиот шампион до 30 јуни 2025 година, со можност за продолжување на уште една сезона.
Францускиот спортски весник Екип наведува дека бразилскиот фудбалер на раководството на „светците“ и рекол дека сака да го напушти клубот во летниот преоден рок.
„Сопствениците на ПСЖ му кажаа на Нејмар дека може да го напушти Париз во кој било друг клуб кој ќе плати отштета од 150 милиони евра. Огромната сума што ја бараат богатите сопственици на ПСЖ значи дека клубот сака да ја задржи својата „десетка“ до крајот од договорот. Сепак, ПСЖ е подготвен да го испрати Нејмар на едногодишна позајмица со задолжително откупување на договорот на бразилскиот фудбалер на крајот на сезоната“, изјавиja од клубот за Ас.
Нејмар наводно бил заинтересиран за враќање во Барселона, но каталонскиот клуб не планира да го ангажира бразилскиот фудбалер. Шпанските и француските медиуми потсетуваат дека во моментов сумата од 150 милиони евра можат да ја платат само клубови од Саудиска Арабија.
Нејмар во 2017 година пристигна во ПСЖ од Барселона за 222 милиони евра. За францускиот шампион одигра 173 натпревари и постигна 118 голови.