Пред неделниот натпревар меѓу Хрватска и Турција на парискиот „Парк на принцовите“ се случил голем инцидент на неколку стотина метри од влезот на стадионот, а според непотврдено информации навивачите на Пари Сен Жермен (ПСЖ) ги нападнале турските навивачи, пренесува AFP.
Голема група навивачи на францускиот шампион се втурнала кон турските навивачи, а посериозен судир е избегнат благодарејќи на брзата интервенција на полицијата.
Медиумите јавуваат дека меѓу најжестоките навивачи на ПСЖ имало и српски навивачи кои сакале да им се одмаздат на турските за убиството на навивачот на бeлградска Црвена ѕвезда Марко Ивковиќ минатата година во Истанбул.