Навивачи на Хрватска најавија прекин на средбата со Шпанија

Од:

Навивачите на Хрватска претежно од Сплит кои се наоѓаат во Франција каде го следат ЕУРО 2016 најавија уште еден прекин на натпревар на нивната репрезентација. Хрватска вечерва во Бордо игра против Шпанија, а како што пренесуваат хрватските портали, во Сплит се појавиле плакати против раководството на ФС на Хрватска на кои се најавуваат нови инциденти.

– Да го ослободиме хрватскиот фудбал од хулиганите кои седат во ложата, за да не ви бидат утре во вашата кожа“ и “ХНС ти се ближи крајот, победата на навивачите е на прагот“ се само некои од транспарентите кои осамнаа во Далмација.

Француската полиција најави ригорозни контроли како превентива за евентуални нови инцидентни.
Натпреварот Хрватска – Шпанија почнува во 21 часот.

УЕФА веќе го казни Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) со 100 илјади евра за употреба на пиротехнички средства на навивачите на „коцкестите“ за време на дуелот со Чешка.

Би можело да ве интересира

Валс: Спречивме терористички напад пред почетокот на ЕУРО 2016

Поразот на „триколорите“ го следеа рекордни 20,83 Французи пред своите екрани

Емир Латифовиќ

ЕУРО 2016: Педесет лица уапсени во Париз

Емир Латифовиќ

Немири пред навивачка зона во Париз, полицијата употреби солзавец

Емир Латифовиќ

Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите

Емир Латифовиќ

Едер: Роналдо ми кажа дека ќе постигнам гол

Емир Латифовиќ