Навивачи го прекинаа финалето на Австралија опен поради Палестина, викајќи и врзувајќи се за столчиња

Од:

Неочекувана и непријатна сцена се случи на финалниот натпревар во женска конкуренција на Австралија Опен кога неколку навивачи накратко го прекинаа мечот.

Арина Сабаленка победи против Чинвен Женг со резултат 2:0 (6:3 и 6:2) и со тоа ја продолжи доминацијата во женскиот тенис. Таа освои нова грен слем титула без загубен сет, а мечот ќе остане запаметен по сцената од вториот сет.

Кога Белорусинката суверено брзаше кон титулата на Австралија Опен, група навивачи решија да се врзат за столчињата на кои седеа, а потоа почнаа да викаат: „Палестина, Палестина“.

Го донесоа и палестинското знаме, а бидејќи во тенисот е строго забрането да се вика што било додека трае играта, обезбедувањето веднаш реагирало и ги исфрли од теренот.

Краткиот прекин заврши откако група навивачи беа исфрлени, а потоа натпреварот продолжи.

Паузата не ги погоди тенисерките, особено Сабаленка, која со својата доминантна игра покажа дека моментално нема рамен на ВТА.

Би можело да ве интересира

Јаник Синер ја одбрани титулата во Мелбурн

А1он

Мелбурн има нова кралица, Медисон Кис сензационално го освои Австралија Опен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

Сензационална Американка во финалето на Австралија опен

А1он

По Ѓоковиќ се бунтува и Шелтон: „Малку сум шокиран“

Закажан терминот за полуфиналето Ѓоковиќ-Зверев

Предраг Петровиќ