Најлошата натпреварувачка на Олимпијадата во Париз ќе заработи милиони како интернет сензација

Од:

Австралиската брејкденсерка Рејчел Ган (36), која „се прослави“ со катастрофалниот настап на Олимписките игри во Париз, ќе заработи милиони од својата новооткриена слава, велат експертите за маркетинг.

Рејчел Ган, или позната по уметничкото име Рејгун под кое настапуваше во Париз, стана интернет сензација поради нејзиниот настап кој не и донесе ниту еден поен.

Судиите со неверување ги следеа трите настапи на Рејгун во кои таа скокаше како кенгур и се тркалаше на подот надвор од ритамот, а гледачите беа шокирани од нејзините изведби, а на социјалните мрежи доби многу критики.

Австралијката се бранеше дека сама го смислувала секој потег и дека се единствени, а на крајот и донеле голема слава која според маркетинг експертот Макс Марксон ќе ја направи милионерка.

“Таа веќе има огромен бренд. Нејзината репутација во Австралија не е толку голема, но таа е позната низ целиот свет. Ќе добие меѓународни понуди од брендови за спортски чевли како Адидас или Пума, компании за храна, електрични автомобили, а исто така ќе добие понуда од светот на телекомуникациите. Новите ѕвезди потпишуваат договори со три до пет компании, а бидејќи таквите договори плаќаат околу 500.000 долари, тој е на пат да заработи до 2,5 милиони долари“, рече Марксон, додавајќи:

„Таа е доктор на науки, има големо искуство, па ќе добие и говорни ангажмани. Исто така, привлечна е за децата и сите ќе сакаат да ја донесат на телевизија. Ќе има гостувања на телевизија за неа во следните шест месеци“, додаде тој.

Во последните неколку дена, на социјалните мрежи се крена голема врева, а обожавателите дури и ја критикуваа дека го зазеде местото на талентирана австралиска брејкденсерка на Олимпијадата. Но, има и такви кои веруваат дека Рејгун намерно се пошегува со нејзиниот настап за да стане популарна.

Нејзиниот настап наиде на коментари и од познатата британска музичка ѕвезда Адел, која целата работа ја опиша како „најсмешната работа досега“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Во Боцвана е прогласен полудневен празник во чест на спринтерот кој воодушеви во Париз

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандалот со ОИ продолжува – Американците одбиваат да го вратат медалот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Илјадници Срби ги пречекаа олимпијците во Белград

Предраг Петровиќ