Над 700 учесници на традиционалниот Спортски викенд „Илинден 2017“

Од:

Општина Илинден успешно го реализираше 9.Спортски викенд „Илинден 2017“ во рамки на одбележувањето на нејзиниот патронен празик „Илинден 2 Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

На оваа традиционална спортска манифестација, соопштија од општината, учествуваа над 700 спортисти кои се натпреваруваа во повеќе спортови: велосипедизам, шах, баскет, тенис, атлетика, хокеј и голем фудбал.

Централен настан на Спортскиот викенд беше професионалната велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2017”, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја.

Велосипедистите возеа 4 круга низ населените места на општина Илинден: Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци и Кадино, а должината на еден круг беше 25 километри. Како вовед во главната трка се одржа рекреативна велосипедска трка во должина од 5 километри, во која учествуваа голем број граѓани од сите возрасти.

Покрај многу силниот шаховски турнир на кој настапија 40 шахисти, особен интерес предизвикаа натпреварите во атлетика на кои учествуваа над 250 ученици, младинци и дечиња од градинката „Гоце Делчев“ кои му дадоа посебен белег на ова натпреварување.

Во рамки на „Спортскиот викенд се одржа и ревијален натпревар меѓу екипата на ѕвездите на македонскиот фудбал од редовите на нашите најтрофејни клубови Вардар и Работнички, на чија клупа седеше популарниот Никола Илиевски – Џиџи и екипата на општина Илинден.

Покрај редовните турнири во баскет и тенис, годинава прв пат во рамки на Спортскиот викенд „Илинден 2017“ се одржа ревијален натпревар во хокеј на ролерки на кој учествуваа повеќемина репрезентативци на Македонија.

Покровителот на манифестацијата, градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, на најдобрите екипи и поединци им додели соодветни награди.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“