Албанија вечерва го направи својот историски подвиг совладувајќи ја Романија со 1:0, на големо се слави и низ Македонските улици.
Во Тетово, Куманово, Гостивар и Скопје голем број на албански симпатизери со зурли и тапани ја слават историјата за Албанскиот фудбал и репрезентација.
По завршеното трето коло во групата А, Албанија се наоѓа на третото место со три бода и гол разлика -2 и ја става во подредена ситуација за пласман во осминафиналето.