На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Од:

Неверојатни сцени се видени во Џеда на завршниот турнир „Next Gen“ на кој се натпреваруваат најдобрите млади тенисери во светот, а љубителите на тенисот се во шок што се случи на мечот меѓу Артур Филс и Јакуб Меншик.

Имено, во еден момент судијата Начо Форкадељ го прекина натпреварот и побара од Меншик да направи антидопинг тест.

Ваква сцена на сред меч не се памети, а чешкиот тенисер остана во чудење и неверување кога слушна што бара судијата од него.

Меншик влегол во кратка дискусија со судијата, кој всушност тогаш сфатил дека тенисерот е во право, па телефонски му се јавил на супервизорот на кого му рекол дека мора да и објасни на антидопинг агенцијата дека е недозволиво да побараат допинг тест од играч додека е на теренот и дека треба да чекаат да заврши.

Дали тоа го вознемири Меншик до крајот на мечот останува мистерија, но Филс победи лесно со 3:0 и со тоа му го нанесе вториот пораз на Чехот и со тоа го исфрли од конкуренцијата за пласман понатаму.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест