На кејот на Вардар спортско – рекреативен настан по повод 8 Септември

Од:

Под мотото „ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ“ денес на кејот на реката Вардар, Агенцијата за млади и спорт го организира спортско – рекреативниот настан во пресрет на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Централна активност, рекреативната атлетска трка ќе започне во 17 часот кај карпата за искачување (Канал на Вардар, општина Карпош), а ќе заврши кај Градска плажа. (општина Центар).

Во рамки на настанот ќе биде организирана и еколошка акција за чистење на Кејот на Вардар, како и спортски активности: одбојка на песок, кајак, крос фит, искачување на карпа, скејт активности.

Во пресрет на настанот, популарната македонска пејачка Каролина Гочева ги покани младите да дојдат и преку забава, физичка активност и дружење да се одбележи големиот државен празник.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“