На Анчелоти му пресуди елиминацијата од Арсенал, ја напушта клупата на „кралевите“?

Од:

Реал Мадрид не ги исполни целите за оваа сезона, особено со поразот од Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат 1:5, а сега се појавија информации дека Карло Анчелоти нема да го дочека крајот на актуелната сезона на клупата на Мадрид.

Како што дознава Sky Sports, Анчелоти веќе ги пакува куферите. Неговиот последен натпревар на клупата на Реал Мадрид може да биде финалето на Купот што Реал Мадрид го игра против Барселона во Севиља. После тоа би следела разделба.

Дефинитивно е дека Реал не е вистинскиот оваа сезона. Галактикос се блиску да ја загубат титулата во Шпанија. Барселона му бега на Реал за четири бода, иако не изгледа дека Реал ќе ги стигне и ќе ги престигне со оваа игра. Токму поради ова, Реал би можел да се реши на несекојдневен потег – да му врачи отказ на Анчелоти еден месец пред крајот на сезоната.

Сепак, тоа не е толку нереално. Веќе подолго време се споменуваше дека искусен стручњак би можел да ја преземе функцијата селектор на бразилската репрезентација. Доколку Реал сега му врачи отказ, тоа навистина би можело да се случи веќе во јуни, можеби и пред натпреварите што „Кариока“ ги играат против Еквадор (4 јуни) и Парагвај (7 јуни) во квалификациите за Светското првенство.

Дури и Јирген Клоп би можел да го замени Анчелоти. Имаше информации дека германскиот стручњак се согласил да преговара со „Галактикос“ и по една година тренерска пауза би можел да земе нов предизвик.

Би можело да ве интересира

Реал подготвува 160 милиони евра за ѕвездата на Баерн

А1он

Реал без седуммина фудбалери ќе го напаѓа Сити во ЛШ

А1он

(ВИДЕО) Најдобриот фудбалер од средниот ред не сака да оди во Реал Мадрид

А1он

Гвардиола му порача на Халанд: Не преговарај со Реал Мадрид до крајот на сезоната

А1он

Мбапе: Број 25 петпати го нарече Винисиус мајмун – тој не смее да дојде на „Бернабеу“

А1он

Нурмагомедов за смената на Чаби Алонсо во Реал: Го отпуштија поради разгалени деца

А1он