Македонската натпреварувачка Анастасија Мојсовска не успеа да се пласира во финалето во спортско стрелашто, откако во денешните квалификации на воздушна пушка на 10 метри на Олимписките игри во Париз заврши на 31. место од вкупно 43 натпреварувачки.
Мојсовска која е државен рекордер на Македонија, го заврши натпреварувањето со 625,3 поени. Инаку во квалификациите беше поставен нов олимписки квалификациски рекорд на Хјоџин Бан од Јужна Кореја која заврши како првопласирана со 634,5 поени.
Мојсовска беше втората натпреварувачка од Македонија која натапи на ЛОИ во Париз. Вчера натпреварувањето го заврши пливачот Никола Ѓуретаноциќ кој во квалификациите заврши како последнопласиран.