Младински турнир во шах во Гази Баба

Од:

Во ООУ „Наум Наумовски – Борче” во скопската населба Маџари во изминатите два дена се одржа младински шаховски турнир на кој учествуваа 106 млади шахисти од земјава поделени во три категории.

На тунирот до 8 години победи Кирил Николовски со 9 победи од 9 партии, пред Либерт Муча кој освои 8 поени од 9 партии, а третото место го освои Илир Деваја Арифи. На турнирот до 10 години најуспешен беше Филип Цветковски со 8 од 9, додека со 7,5 од 9 на второто и третотот место се пласираа Никола Павковски и Михаил Николовски.

На ОПЕН турнирот кој се рејтингуваше, учествуваа 74 шахисти. Првото место со 8 поени од 9 партии го поделија Птоломеј Петар Стојанов и Емил Ристески, а тртото место Андреј Велјаноски и Лазар Петровиќ.

Турнирот беше организиран по повод патрониот празник на ООУ Наум Наумовски – Борче во соработка со општина Гази Баба и Шаховската федерација на Македонија. Учествуваа шахисти од скоро сите шаховски школи во Македонија и тоа Гамбит Ассеко СЕЕ, Алкалоид, Јахја Кемал јуниор, Ласкер Охрид, Кочани и домаќинот ООУ „Наум Наумовски – Борче”.

Би можело да ве интересира

Тинејџер од Индија е нов светски шампион во шах

А1он

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ