Оскар Мингеза ја напушта Барселона, но ќе остане во Примера. Играчот од одбраната не во плановите на тренерот на Барселона, Чави. Тој пред три недели му предложи на фудбалерот да си бара нов клуб.
Мингеза, кој има уште една година од договорот со Барселона, доби неколку понуди од клубови од Ла Лига како Селта, Ваљадолид, Џирона и Хетафе, интерс покажал и турскиот великан Галатасарај. Сепак Мингеза нема намера да ја напушти Шпанија и веројатно ќе прифати понуда од некој од споменатите клубови.
Дефанзивецот кој има 23 години, пред се сака да најде средина во која ќе има голема минутажа, а платата не му е приоритетно прашање.
Покрај турскиот гигант, АЕК од Атина и германски Хофенхајм се уште некои екипи кои летово неуспешно се обидоа да го доведат.
Извор: Топспорт