Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ, како и капитенот на македонската репрезентација и член на Барселона, Кирил Лазаров, со прикажаната игра се изборија з аместо во иделаниот тим на деветтото коло од ракометната Лига на шампиони.
Лазаров со девет погодоци ја предводеше Барселона до победата над ПСЖ, додека Милиќ и покрај 12 одбрани не му помогна на Вардар да го избегне поразот од Киелце.
Тим на 9.коло во Лигата на шампионите во изборот на ЕХФ:
голман – Страхиња Милиќ (Вардар),
лево крило – Анхел Фернандез (Ла Риоха),
лев бек – Сејад Естеки (Динамо Букурешт),
среден бек – Борис Пуховски (Мотор Запорожје),
пивот – Игор Вори (ППД Загреб),
десен бек – Кирил Лазаров (Барселона),
десно крило – Тим Соренсен (Кристијанштад).