Мицов поразен во маратонски меч на фјучрсот во Нови Сад

Од:

Македонскиот тенисер Стефан Мицов го загуби мечот од второто коло на фјучрсот во Нови Сад. Тој по три часа и 19 минути е поразен од Даниел Апелгрин од Шведска со 2-1 во сетови 7:5; 6:7 (5:7) и 6:3.

Нашиот тенисер добро го почна мечот и имаше водство од 5:2 во гемови, но му дозволи на противникот серија од пет гема и водство од 1-0 во сетови. Вториот сет Мицов го доби во тај брекот, а во решавачкиот сет Апелгрин поведе со 5:0 во гемови што беше решавачко за триумфот.

Мицов за пласманот во второто коло на овој фјучрс ќе добие еден поен.

Би можело да ве интересира

Јотовски поразен во првото коло во Трст, Мицов и Деари се пласираа на главниот турнир во Нови Сад

Наум Локоски

Повторно тројца македонски тенисери на ист фјучрс турнир

Наум Локоски