Двајцата македонски тенисери кои настапија на првиот ден од фјучрс турнирот во Скопје што се игра на терените на „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“ се елиминирани. Стефан Мицов загуби од носителот број 6 Александар Милер од Франција со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3 во гемови), додека Шендрит Деари по 2 часа и 22 минути игра загуби од носителот број 8 Лени Хампел од Австрија со 2-1 во сетови (6:0; 6:7 (5:7) и 6:4).
Утре во другите мечеви од 1.коло ќе настапат уште тројца македонски играчи Томислав Јотовски, Горазд Србљак и Бесир Дургути.
Во конкуренција на двојки од македонските тенисери настапот го завршија Дургути и Данил Зеленков, кои загубија од Небојша Периќ и Данило Петровиќ со 2-0 во сетови (7:6 (7:1) и 6:4). До крајот на денот настап во двојки треба да има и Јотовски, кој заедно со Александар Лазов од Бугарија ќе играат против Марко Јовановиќ и Кристофер О‘Конел од Австралија.