Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург попладнево одиграа нерешено на гостувањето кај Мотор во Укрина со 28:28 (12:18) во натпревар од 4. коло од Д групата од Лигата на шампионите.
Македонскиот тим имаше водство во текот на целиот натпревар, а највисоката предност ја имаше во финишот на првиот дел (16:7). На почетокот на вториот дел украинската екипа ја анулираше предноста, а за првпат изедначи на 26:26 во 54.минута. Потоа Металург имаше два разлика (28:26) и пропушти да ја зголеми, кога младиот голман Мартин Томовски успеа да одбрани два седмерци во период од 10 секунди.
Во последната минута ракометарите на Металург не упатија удар кон противничкиот гол, а последниот шут на Бариш Пуховски заврши во пречката – за нерешен резултат.
Најефикасни беа Захар Денисов кај Мотор со 8 голови и Халил Јагањац и Александар Гуглета кај Металург со по 7 голови.
На вториот дуел од Д групата одигран денеска Бешикташ – Монпеље 32:36, а претходно Спортинг го победи чеховски Медведи со 31:30.
Табела: Монпеље 8 бодови, Мотор 5, Бешикташ 4, Спортинг 4, Металург 3, Чеховски Медведи 0.
Во следното коло Металург гостува кај Чеховски Медведи во Русија.