Месина: Ако не тргне добро, ќе кашламе да го исплашиме Жалгирис

Од:

Армани Милано вечерва му гостува на Жалгирис во Каунас, а тренерот на италијанскиот претставник во кошаркарската Евролига се пошегува на официјалната прес-конференција пред мечот.

„Мислам дека луѓево во Италија, но и овде, малку пренагласено реагираат на оваа ситуација која е сериозна и воедно под контрола. Сосема е нормално да играме натпревари“, рече Месина.

Веќе неколку дена во Литванија имаше дилеми дали мечот воопшто ќе се одигра поради ширењето на коронавирусот, но Евролигата во договор со дел од литванските власти, сепак, даде зелено светло.

„Ќе биде тежок меч против добар тим. Ако работите не тргнат на добро, ќе почнеме да кашламе. Можеби тоа ќе ги заплаши кошаркарите на Жалгирис и ќе застанат со играта“, се пошегува Месина.

Би можело да ве интересира

Еторе Месина повторно ќе биде селектор на Италија

Жарко Настоски