Еторе Месина повторно ќе биде селектор на Италија

Од:

Еден од најтрофејните европски кошаркарски тренери, Еторе Месина, ќе биде нов селектор на Италија по завршување на претстојниот олимписки квалификациски турнир во Белград. Месина претходно го предводеше националниот тим од 1993 до 1997 година.

Актуелниот селектор Ромео Сакети, како што пренесуваат денеска италијанските медиуми, ќе остане на должноста до одигрувањето на олимпискиот турнир, по што ќе биде сменет дури и во случај обезбеди учество со репрезентацијата на Олимписките игри во Токио ова лето.

Според медиумите, причини за заминувањето на Сакети се несогласувањата со раководството на Италијанската кошаркарска федерација околу изборот на помошник тренер, како и настапите на Италија во квалификациите за Европското првенство.

Италија под водство на Сакети загуби два од последните три натпревари во евроквалификациите минатиот месец, вклучувајќи го и поразот од македонската кошаркарска репрезентација од 87:78 во Перм.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ