Меси, Роналдо или Рибери?

Од:

УЕФА денеска ги објави имињата на тројцата фудбалери кои влегоа во конкуренција за избор на играч на сезоната на стариот континент.

По објавувањето на листата од десет имиња минатиот месец, сега е јасно дека добитникот на споменатата награда на УЕФА треба да се бара помеѓу Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Франк Рибери.

Французинот Рибери беше еден од четворицата членови на актуелниот европски и германски шампион Баерн Минхен кој се најде на листата од десет имиња, а сега е единствениот кој ќе се обиде да им ги поремети плановите на двајцата, според многумина најдобри светски фудбалери, кога е ова признание во прашање.

Наградата ќе биде доделена на 29. август при излекувањето на групите за новата сезона од Лигата на шампионите во Монте Карло, веднаш по гласањето во живо од страна на панелот новинари.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ