Аргентинскиот фудбалер на Интер Мајами, Лео Меси денеска е прогласен за најкорисен играч во американската МЛС.
Како што беше соопштено од најдобрата фудбалска лига на САД, Меси го заслужи признанието благодарение на 20 постигнати голови и 16 наместени голови на соиграчите.
Сето тоа на само 19 од 34 натпревари од регуларниот тек на сезоната бидејќи искусниот 37-годишен фудбалер пропушти голем број натпревари поради повреди.
Со Меси на теренот, Интер Мајами загуби само еден од 19 натпревари, па не е чудно што регуларниот дел од сезоната го заврши како најдобар тим, обезбедувајќи пласман на Светското клупско првенство следната година.
Во гласањето за наградата МВП, Меси доби 38 отсто од гласовите, додека Кучо Ернандез од Колумбус 33,7 отсто.