Мелбурн има нова кралица, Медисон Кис сензационално го освои Австралија Опен

Од:

Откако во полуфиналето ја совлада второпласираната светска тенисерка Ига Свијатек со 2:1, Кис во финалето денеска со истиот резултат ја совлада и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка.

Најдобрата тенисерка на светот влезе многу лошо во мечот, а Американката двапати направи брејк и поведе со 5:1. Сабаленка успеа да врати еден брејк, но не можеше да се врати во сетот, а 14. рангирана светска тенисерка го доби првиот сет со 6:3.

Во вториот сет Сабаленка одигра како што знае, правејќи два брејка и израмнувајќи ги сетовите на 6:2.

Во третиот, решавачки сет, двете тенисерки ги држеа сервисите до самиот крај и до 12. гем. Кис доби две брејк топки, првата не ја искористи, но втората ја искористи и ја спречи Сабаленка да го освои Австралија опен трет пат по ред, совладувајќи ја со 6:3, 2: 6, 7:5.

Кис, која следниот месец ќе го прослави својот 30-ти роденден, на тој начин ја освои првата Грен слем титула во кариерата. Таа претходно играше само во едно финале, УС Опен во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест