Меѓународен турнир во шах „Гостивар Рапид Опен 2019“

Од:

Над 150 шахисти учествуваа на првиот меѓународен турнир во шах кој денеска започна во Гостивар.

Турнирот „Гостивар Рапид Опен 2019″ го отвори градоначалникот Арбен Таравари и во неговото обраќање напомена дека локалната власт ја поддржува иницијативата за развој на шахот во Гостивар.

– Оваа идеја е стара, но не успеваме да ја реализираме заради финансиски причини и еве конечно дојдовме до историскиот ден за гостиварскиот шах. Се надевам дека овој турнир ќе стане традиционален и ќе опстојува во иднина на радост на шахистите, рече Ахмет Селмани организатор на турнирот.

Во поединечните натпаревари се пријавија валемајстори, интер мајстори и фиде мајстори од Македонија, Албанија, Косово и од Бугарија.

На отварањето на турнирот присуствуваше и Благоја Богдановски претседателот на шаховската федерација на Северна Македонија, кој во обраќањето искажа задоволство од интересот на пријавените шахисти и силната конкуренција.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето