Во организација на Здружението на слепи лица од Кичево со финансиска поддршка од локалната самоупрва денеска и утре во Кичево се одржува деветнаесетиот по ред традиционален Шаховски турнир за слепи лица, на кој учествуваат 14 натпреварувачи од Македонија, Косово и Србија.
Се играат пет кола по швајцарскиот систем, според правилата на Светската шаховска федерација. Шахистите денеска се натпреваруваат во четири кола, а утре е петтото коло, на турнирот чија главна цел е дружењето на слепите лица.
– Задоволство ми е што традиционално веќе деветнаесети пат по ред се одржува оваа спортска манифестација во Кичево, која и оваа година финансиски е поддржана од општина Кичево, истакна Зендел Зулбеари, претседателот на Здружението на слепи од Кичево.
Тој посочи дека единствената можност за дружење на слепите и на слабовидните лица од Кичево и од кичевско се екскурзиите и спортските манифестации, како што е и Меѓународниот шаховски турнир за слепи.