Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид

Од:

Традиционален „Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид“ денеска и утре се одржува во просториите на „Здружението на слепи и лица со оштетен вид“.

На турнирот учествуваат 35 шахисти од повеќе држави, од кој 29 ќе се натпреваруваат во машка и 6 во женска категорија.

Турнирот го отвори градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

– Оваа меѓународна спортската манифестација, којашто има долга традиција, годинава се одржува по 43 пат, и оваа година спаѓа во бројните активности за одбележување на 13 Ноември, истакна Трајановски и посака успешен турнир, добра спортска игра и резултати.

Претседателката на Здружението на слепи и слабовидни лица, Благица Петреска ја потенцира одличната соработка со Градот Скопје и се заблагодари за поддршката која градот ја дава на здружението и нивните активности.

Градот Скопје од буџетот за спорт и млади за годинава за реализација на оваа традиционална манифестација издвои 50.000 денари.

Би можело да ве интересира

Тинејџер од Индија е нов светски шампион во шах

А1он

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ