Медалите од машкиот мундијалски слалом за Австријците

Од:

На слаломот од последниот ден на Светското првенство во алпско скијање во шведски Оре, целосно доминација за натпреварувачите од Австрија. За прв пат во историјата на планетарните собири во слалом, првите три места ги освоија скијачи од иста држава.

Златниот медал го освои Марсел Хиршер кој двете трки ги извози со вкупно време 2:05.86 минути.

Второто место и сребрениот медал се за Михаел Мат со време 2:06.51.

Трет беше Марко Шварц со време 2:06.62 по двете трки.

За Хиршер ова беше седми златен медал од Мундијалите и трет во дисциплината слалом.

Би можело да ве интересира

Историски златен медал за Норвешка во екипна конкуренција на СП во алпско скијање

Временските услови ниту денеска не дозволија почеток на скијачкиот Мундијал

Катерина Ѓуровски

Кристоферсен триумфираше на велеслсломот во Банско

Шифрин продолжува да пишува историја

Влхова светски шампион во велеслалом

Швајцарија со злато во екипното натпреварување во Оре