Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ја одбил понудата од 40 милиони евра од лидерот на клубот да го раскине договорот со францускиот шампион до 1 август, пренесува RMC.
Мбапе има договор со Пари Сен Жермен до јуни следната година, а неодамна изјави дека не сака да ја продолжи соработката со шампионот на Франција до јуни 2025. Тој најави дека договорот со „светците“ ќе го одработи до јуни 30. 2024. и додаде дека не сака да го напушти ПСЖ во летниот преоден рок.
РМЦ потсетува дека ПСЖ сака да го продаде Мбапе по секоја цена до крајот на преодниот рок за да не го напушти францускиот шампион следната година без обештетување.
Од RMC истакнуваат дека Мбапе не сака да си замине од ПСЖ, бидејќи ќе добие бонус од дури 80 милиони евра доколку и понатаму биде член на клубот од Париз на 1 август годинава. Сопствениците на ПСЖ затоа му понудија на Мбапе 40 милиони евра за фудбалерот да се откаже од оваа клаузула и да се согласи да биде продаден со соодветна отштета, најверојатно на Реал Мадрид.
RMC наведува дека Мбапе сака да добие дополнителен бонус доколку го исполни договорот со „светците“. Францускиот репрезентативец очекува да добие бонус за потпишување договор со нов клуб, бидејќи следната година во тој тим би пристигнал без обештетување. Затоа е подготвен да игра за ПСЖ следната сезона, дури и ако биде изоставен од првиот тим.